Банкарите очекуваат зголемување на кредитирањето на фирмите

18

51D5E0A4-7A03-4123-992C-3B150A76639C_mw1024_n_s-564x272Според очекувањата на банкарите, во наредниот период кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност, треба да се зголеми. Претседател на УО на Шпаркасе банка Глигор Бишев вели дека кредитниот раст оди заедно со економскиот раст.

“Со обновување на економската активност во Република Македонија, ќе се забрза и кредитната активност”, изјави Бишев на денешната прес-конфернеција во Шпаркасе банка каде промовираше нови производи.

Во првите два кваратала од годинава економијата има просечен раст од 3,4%. И Владата и Народната банка очекуваат поголем раст од проектираниот и тој да биде над 3%.

Во август, податоците на НБРМ покажуваат дека има стагнација на кредитната активност, при што има пад на кредитирањето на корпоративниот сектор, а раст и поддршка на населението.