Банкарски гигант по грешка уплати 175 милиони долари, примателот не ги враќа

353

Американскиот банкарски гигант Citibank по грешка префрли дури 175 милиони долари на компанијата Brigade Capital Menagement, а овој хеџ фонд сè уште не ги врати парите, поради што целиот случај заврши на суд.

Според медиумите, Citibank поднела тужба, барајќи враќање на средствата што, наводно, биле пренесени заради оперативна грешка.

Citibank во тужбата изјави дека нивната намера била да испратат 1,5 милиони  долари на Brigade Capital во име на камата на заемот што хеџ фондот му го даде на проблематичната козметичка компанија Ревлон.

Наместо тоа, Citibank префрли приближно 100 пати повеќе од износот на сопствените средства.

Американскиот банкарски гигант беше ангажиран како административен агент за заем на Ревлон, а како што наведува банката, Brigade Capital одбива да ги врати парите што погрешно биле платени на нивна сметка.

“Brigade Capital  неосновано верува дека сумата што сме ја платиле по грешка служи за да го вратиме целиот долг на Ревлон“, напиша банката во својата тужба.

Судот донесе прелиминарна одлука со која му нареди да ги врати парите или да не ги повлече од сметката / да ги отуѓи до следното рочиште на 31 август.

Фото: Freepik