Банката на Англија ги зголеми каматните стапки

111

Каматните стапки во Британија се зголемија од 2,25 отсто на дури 3 отсто, што е најголем скок на каматните стапки од 1989 година. Цената на заемите со овој потег се искачи на највисоко ниво од кризата во 2008 година, кога банкарскиот систем во Велика Британија се соочи со целосен колапс, јавува Би-Би-Си.

Но, ова рекордно зголемување на каматните стапки започна уште во декември, кога трошоците за живот во Обединетото Кралство почнаа брзо да растат и на многу домаќинства во таа земја им беше тешко да ги покријат основните трошоци.

Рецесија се дефинира како најмалку два периоди од три месеци во кои економијата на една земја е во пад. Во период на рецесија, типично е компаниите да заработуваат помалку, што се одразува на платите кои се намалуваат, а следствено на тоа се зголемува и невработеноста. Банката на Англија сега верува дека Обединетото Кралство почна да влегува во рецесија веќе ова лето и предвидува дека тоа ќе продолжи во текот на оваа година и првата половина на 2024 година, кога треба да се одржат општите избори.

Иако ова не е најлошата економска криза во Велика Британија, тоа би можело да биде најдолго од 1920-тите, кога рецесијата го погоди светот.