Банката на Англија им помага на енергетските фирми да ја пребродат кризата

47

Банката на Англија ќе позајми 40 милијарди фунти на британските енергетски компании за да можат да се справат со растечките цени, пренесува Танјуг.

Помошта ќе биде обезбедена од Фондот за спас, поради стравувањата од можен бран од нов колапс на енергетските компании.

Премиерката Лиз Трус, на нејзиниот трет ден на функцијата, рече дека сака енергетските компании да имаат готовина што им е потребна за да купат енергија доколку цените се зголемат, објави Гардијан.

Владата, исто така, како што е наведено, ќе понуди „еквивалентна поддршка“ во период од шест месеци на компаниите, од кои повеќето не добиле никаква финансиска помош за решавање на енергетската криза поради руската инвазија на Украина, наведува „Гардијан“.