Банката на Англија ја намалува каматната стапка во мај

22

Банката на Англија (БoЕ) ќе ги намали каматните стапки веќе во мај, најави главниот економист на Морган Стенли, Јенс Ајзеншмит.

Ова мислење е далеку од консензус на повеќето економски експерти, кои генерално веруваат дека BoE ќе започне со намалување на каматните стапки во септември, пренесува Mina.

Постојаната инфлација во Соединетите Американски Држави (САД) и сè поострите коментари на шефот на американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), фрлаат сомнеж врз целата слика за очекуваниот пад на инфлацијата на глобално ниво, пренесува CNBC.

Европската централна банка (ЕЦБ) навести за намалување на каматните стапки минатата недела, но предупреди дека зголемените тензии на Блискиот Исток може да ги загрозат тие планови.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, изјави дека перспективите во Европа се разликуваат од оние во САД и изрази оптимизам за падот на инфлацијата во Велика Британија.

Годишната стапка на инфлација во Велика Британија падна во март од 3,4 отсто во февруари на 3,2 отсто и моментално е најниска од септември 2021 година, објави британската канцеларија за национална статистика (ONS) на својата веб-страница.

Резултатите за март се нешто понеповолни од очекувањата на пазарите, кои предвидуваа инфлација од 3,1 отсто.