САД предложија воведување нови царини за ЕУ, Кина и другите трговски партнери

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување нови царини за 14 трговски партнери, вклучувајќи ги Кина, Европската Унија, Јапонија и Индија, како дел од истрагата за прекумерните индустриски капацитети кои, според Вашингтон, ја нарушуваат конкуренцијата и ја оптоваруваат американската економија.

Новите царини се засноваат на Член 301 од Законот за трговија од 1974 година, кој ѝ дозволува на американската администрација да воведува дополнителни царини како одговор на практиките во надворешната трговија што ги смета за неправедни, дискриминаторски или штетни за трговијата со САД, објавува CNBC.

Истрагата за прекумерниот производствен капацитет опфаќа вкупно 16 економии, вклучувајќи, покрај Кина и ЕУ, Јапонија и Индија.