
Банката на Англија (БОЕ) одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,5 отсто и предупреди дека не треба да се очекува таа да биде намалена на идните состаноци, со оглед на големата неизвесност околу британската и светската економија.
Во светло на ескалацијата на глобалните трговски тензии, иницирани од САД, Комитетот за монетарна политика (MPC) гласаше осум спрема еден за задржување на каматните стапки на сегашното ниво. Британските економисти предвидоа гласање со 7 спрема 2 за да се задржат сегашните стапки, пренесува Ројтерс.
Гувернерот на БоЕ, Ендрју Бејли, истакна дека британската централна банка останува посветена на постепено намалување на каматните стапки, но нагласи дека банката „многу внимателно ќе ги следи светските и домашните економски случувања на секој од нашите шестнеделни состаноци за каматните стапки“.











