Банката на Русија ја задржа референтната каматна стапка на 21 процент

Централната банка на Русија (БР) денес објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 21 процент, а според проценките на регулаторот, моменталните строги монетарни услови создаваат потребни предуслови инфлацијата постепено да се врати на целната вредност од четири проценти следната година.

„Тековните инфлациски притисоци, вклучувајќи ги и оние што се постојани, продолжуваат да се намалуваат, иако сè уште се високи. Растот на домашната побарувачка продолжува значително да ја надминува можноста за проширување на понудата на стоки и услуги“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

Врз основа на оперативните податоци, регулаторот заклучи дека руската економија почна постепено да се враќа на патот на избалансиран раст.