Банката на Русија (БР) ќе биде подготвена да ја намали референтната каматна стапка следната година кога годишната инфлација во Русија ќе падне на околу четири отсто.
Ова го изјави гувернерката на Банката на Русија, Елвира Набиулина.
Таа во Државната дума нагласи дека сегашното ниво на инфлација во Русија од седум проценти во никој случај не е „безопасно“, пренесува Комерсант.
Според неа, одливот на капитал од Руската Федерација е шест пати помал од минатата година. На 27 октомври Банката на Русија ја зголеми референтната каматна стапка за 200 базични поени на 15 отсто и во таа прилика изјави дека инфлациските притисоци во Русија се искачиле над очекувањата, пренесуваат медиумите.
Централната банка на Русија соопшти дека со оваа мерка сакаат да ја потиснат инфлацијата до четири проценти во 2024 година.