
Банката на Словенија ја намали прогнозата за овогодинешниот економски раст на 1,3 отсто, откако во јуни предвиде раст од два отсто. Ја задржа прогнозата за следната година непроменета на 2,2 отсто, но ја зголеми за 0,1 процентен поен на 2,3 отсто за 2025 година. Инфлацијата годинава се очекува да биде 7,2 отсто, а следната година три отсто.
Макроекономското опкружување во Словенија годинава главно се карактеризира со висока инфлација и слабеење на ефектите од економското закрепнување по пандемијата на Ковид-19, изјави заменик-гувернерот на Банката на Словенија, Тина Жумеp.
По релативно високиот раст во последните две години, годинава се очекува умерен економски раст од 1,3 отсто. Со натамошното намалување на инфлацијата, растот на реалните приходи на населението и постепеното закрепнување на извозната побарувачка, економскиот раст потоа треба постепено повторно да зајакне. За 2026 година прогнозата е 2,5 отсто, што е еден процентен поен над прогнозата за еврозоната.











