Банките на Кипар затворени до четврток

48

cyprus banksБанките на Кипар ќе останат затворени до четврток, 21 март, што значи дека граѓаните ќе можат да ги подигнат своите депозити дури во петок. Причина за ова, според функционер на кипарската централна банка кој за АФП сакал да остане анонимен, е избегнувањето на големи редови пред шалтерите во банките, како и масовното подигнување на штедните влогови од страна на граѓаните.

Вчера банките беа затворени поради празник, а централната банка објави дека ќе останат затворени најмалку до четврток.

Кипарскиот парламент вчера го одложи гласањето за еднократно оданочување на банкарските депозити поголеми од 100.000 евра со каматна стапка од 9,9%, а помалите депозити со стапка од 6,75%.

Минатата недела Европската унија и одобри помош од 10 милијарди евра на оваа островска земја за да го избегне банкротот, а еден од условите е сите депозити во банките да бидат оданочени.