Во текот на минатата година, банките повлекле 1,05 милијарди евра од Србија, што е пад од 16,7% во однос на 2012 година, потврди за Данас Народна банка на Србија.
“Иако е тешко да се утврди детерминантата на намалување на изложеноста, се проценува дека до сега доминираше влијанието на недостаток на квалитетна домашна побарувачка, иако во последно време се изразени и ограничувањата на странските понуди”, наведуваат од централната банка.
Причина за намалувањето на изложеноста е недостатокот на добри клиенти, но и свесната одлука на банките да пласираат помалку пари во Србија.