Банките во Србија имаат три години да ги решат лошите кредити

21

nbsНародна банка на Србија донесе одлука која им го олеснува на банките решавањето на ненаплативите кредити. Продолжен им е рокот од година на 36 месеци за да ги решат лошите кредити, а тоа да не им влијае врз билансите. Тие сега се мотивирани во случаите кога должникот не може да го врати заемот, што порано да почнат со наплата на побарувањата. Со самото тоа би имале доволно простор да ги намалат каматите, но според најавите на банките, до тоа нема да дојде, пишува Новости.

Учеството на проблематични кредити, односно на кредити со доцнење во отплатата поголемо од 90 дена, во вкупните кредити било 20,6%. Според последните податоци, во октомври учеството на проблематични заеми кај претпријатијата бил 23,3%, а кај населението 9,3%.

Според Ѓорѓе Јевтиќ, директор на Управата за надзор над финансиските институции на НБС, во банкарскиот сектор сумата на проблематични кредити во моментов е околу 3,5 милијарди евра.