Банките во Србија минатата година отпуштиле 2.500 луѓе

60

banka

Банките во Србија од 2010 година до сега отпуштиле скоро 4.800 луѓе, од кои само минатата година се отпуштни скоро 2.500, покажуваат финансиските извештаи на банките и податоците на Народна банка на Србија, пишува српски Данас.

Најголема причина за вакви резултати се четирите згаснати банки: Агробанка, Развојна банка на Војводина, Привредна банка Белград и Универзал банка, во кои минатата година работеле 1.502 работници.

Податоците покажуваат дека и да се одземат овие четири згаснати банки, дури осум од 29 активни банки од 2010 година постојано отпуштаат работници. Тоа се KBC (Telenor), KBM, Комерцијална, Марфин, НЛБ, Прокредит, Raiffeisen и Војводинска банка.

Од друга страна, седум банки ниту во еден период не го намалувале бројот на работници, туку напротив, постојано растеле. Тоа се AIK, Југобанка – Југбанка, Opportunity, Сбербанк, Societe Generale, UniCredit и VTB банка.

Ваквата поларизација не е чудна. Многу банки се принудени да го смалуваат своето работење во Србија поради проблемите во кои се најдоа нивните матични филијали или поради тоа што во претходниот период премногу рискантно одобрувале заеми, па сега имаат голем удел на проблематични кредити, пишува Данас. Од друга страна некои банки во овој период многу напредувале, зголемувајќи го својот пазарен удел и почнаа агресивно да ја шират малопродажната мрежа, односно да отвораат филијали во Србија. Такви се UniCredit, Erste, Societe Generale и Сбербанк, кои многу динамично се шират во целиот регион.