Банкнота која никој не успеал да ја фалсификува (Видео)

301

Банкнотата од 1.000 динари се појавила пред 29 ноември 1975 година. Брзо го доби прекарот „сив гулаб“ поради нијансите на сива боја. Тогаш вредеше 55 американски долари, а во времето кога беше повлечена од оптек во 1989 година, за тие пари не можеше да се купи ни кибрит.

Веб-страницата Nova Yuga Info пишува дека концептот и дизајнот на банкнотата од 1.000 динари ги направил познатиот академски сликар и графички дизајнер Андрија Миленковиќ, единствениот професионален креатор на поштенски марки издадени од државата СФРЈ.

Неговата марка „Triglav iz Bohinja” двапати беше прогласувана за најубава марка во светот, а ги направи и некои од најпознатите трговски марки на тогашните компании, како знакот на Белградскиот саем, уметнички решенија за Зимските олимписки игри во Сапоро во Јапонија, Медитеранските игри во Сплит, како и повеќе од триста графички и уметнички решенија за логоа и препознатливи знаци на спортски и други настани.

Тешко се фалсификува
Во 15-те години постоење на оваа банкнота, таа никогаш не била фалсификувана бидејќи се состои од повеќе од 40.000 линии на сиви нијанси.

Фигурата на девојка која држи китка грозје во раката, а зад неа жетвар што жнее пченица, сликарот ја изработил по ликот на неговата сопруга Ружица.

@bluecowlist 40 000 sive! #foryou #fyp #srbijatiktok #balkan #money #zanimljivo #jugoslavija #bluecowlist #izazov ♬ original sound – Blue Cow List