Банкнотите со ликот на кралот Чарлс III ќе стапат во оптек од 5 јуни

16

Банкнотите со ликот на кралот Чарлс III ќе стапат во оптек од 5 јуни, објави денеска Банката на Англија (БОЕ), која го покажа својот дизајн пред повеќе од една година.

Портретот на кралот ќе се појави на банкноти од пет, 10, 20 и 50 фунти и ќе циркулира заедно со постоечките со кралицата Елизабета, објави Ројтерс.

Новите банкноти со ликот на кралот Чарлс ќе ги заменат истрошените и ќе ја задоволат зголемената побарувачка за британски банкноти, објави БОЕ.

Фото:bankofengland