Банкомат ќе препознава лицата за да спречува кражби

33

bankomat skenira lica

Група експерти од Кина го развија првиот банкомат со технологија за препознавање на лица, пишува порталот South China Morning Post.

Банкоматот е развиен во соработка со Универзитетот Синхуа и приватната компанија Tzekwan, со цел да се намали можноста од измами и кражби.

Камерата во самиот банкомат може да го спореди лицето на корисникот кој сака да подигне пари со фотографиите добиени од личните документи, кои се сместени во посебна база на податоци. Доколку се поклопат податоците, банкоматот дозволува да се подигнат пари, а доколку постои разлика во тој случај банкоматот ја блокира исплатата.

Банкоматот ќе биде поврзан и со банкарските полициски службеници, коли би требало да интервенираат за да спречат било каква злоупотреба. Освен за безбедноста, банкоматот ќе се грижи и за тоа да не се вметнуваат фалсификувани банкноти.