Барате совети и инспирација – овие книги треба да ги прочитате во 2020 година

492

Барате претприемачки совети и инспирација? Еве пет деловни книги коишто треба да ги додадете на вашата листа оваа година:

1. Growth: From Microorganisms to Megacities , Вацлав Смил

Бил Гејтс за него вели дека е плоден автор, еден од неговите омилени. Последната книга на Смил говори за развојот на сите полиња.

2. Mindset: The New Psychology of Succes, Керол Двек

Двек, психолог од Стенфорд, го измисли терминот “фикиран ментален склоп“ (теорија дека способностите и интелигенцијата се вродени), како и терминот “ментален склоп на раст“ (теорија дека преку напорна работа способностите можат да се развијат). Сатја Надела, извршен директор на Мicrosoft, рече дека овој концепт му помогнал да ја трансформира деловната култура на компанијата.

3. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams, Метју Вокер

Потреба за сон е повеќегодишна тема кај претприемачите. Книгата на Вокер, исто така, препорака од Бил Гејтс, објаснува како спиењето влијае на вашиот мозок и тело, подобро здравје, креативност и продуктивност.

4. Leadership Is Language: The Hidden Power of What You Say–and What You Don’t, Л. Дејвид Маркет

Маркет, поранешен командант на американската морнарица, ги советува бизнис лидерите да ги подобрат своите комуникациски вештини. Според него, правењето дури и мали промени во начинот на комуникација може да доведе до напредок на вработените и зголемена продуктивност.

5. The Innovation Stack, Џим Меквели

Меквели, кој е коосновач на стартапот Square, ја раскажал приказната за основање на својата компанија и како го победил конкурентниот производ којшто Amazon го лансирал.

Фото: Pixabay