Barclays воведе плаќање преку гласовната команда Siri

24

agreement-2548138_960_720

Фото: Pixabay

Британската банка Barclays воведе нова услуга за плаќање преку виртуелниот асистент на Apple, Siri, пишува Telegraph. Сè што треба да направи клиентот е да даде команда преку својот мобилен телефон кому треба да се плати сумата и колку истата да изнесува.

Ова е прва британска банка што ја овозможи гласовната услуга за плаќање, со што корисниците нема потреба да ја отвораат апликацијата на банката ниту да употребуваат било какви лозинки.

Откако преку својот глас ќе ја даде командата, корисникот ќе треба само да се идентификува преку ID сензорот на Apple за препознавање на отпечаток од прст.

Сепак, услугата ќе биде ограничена на оние корисници кои поседуваат iPhone 5 или уште понова верзија на мобилен телефон од брендот.