Барел нафта 121 долари

37

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 121 долар по барел. Aмериканската се тргува по цена од 119 долари за барел. Пред речиси еден месец барелот беше на ниво од околу 110 долари и помалку. Цените на нафтата го забрзаа растот во текот на изминатата недела, бидејќи инвеститорите ги проценуваат изгледите за понудата и побарувачката поради започнувањето на американската летна сезона на возење и излегувањето на Кина од заклучувањето поради ковид.

Пазарот на криптовалути  утрово е во минус. Вредноста на биткоинот денес е 21.001 долар, што е пад од речиси 8% во споредба со вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е пад од речиси 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 768 долари.