Барел нафта 93 долари

105

Ценате на нафтата паднаа под нивото од 93 долари на меѓународните пазари во средата, под притисок од стравувањата од глобална рецесија што ќе ја ослабне побарувачката.

Утрово на американскиот пазар барелот се тргува по цена од 87 долари, додека на лондонскиот пазар цената на нафтата изнесува 93 долари.

Пазарите беа потресени од страв од рецесија, откако податоците од САД покажаа пад на активноста за изградба на станбени недвижности во јули на најниско ниво во речиси една и пол година под влијание на повисоките цени на хипотекарните заеми и градежните материјали.

Трговците се загрижени и за слабеењето на економската активност во Кина поради строгите мерки за борба против ширењето на Ковид 19.