Барел нафта брент околу 95 долари

81

Цените на нафтата се искачија над 96 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи падот на залихите во САД повторно ја разгоре загриженоста за снабдување на почетокот на грејната сезона.

Во утринското тргување цените повторно флуктуираат, па барел референтна нафта брент моментално чини 94,86 долари. Еден барел тексашка нафта WTI се тргува по 88,53 долари.

Аналитичарите се загрижени поради ниското ниво на залихи на деривати пред крајот на програмата за продажба на нафта од стратешките резерви, што ќе го лиши пазарот од важен извор на снабдување.

Производството на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) падна во октомври за прв пат од јуни, а картелот веќе користи 1,36 милиони барели дневно помалку отколку што планираше.

Трговците стравуваат и од прекини во снабдувањето откако на почетокот на декември стапи на сила ембаргото на Европската унија за руската нафта. Во февруари ЕУ ќе воведе ембарго за увоз на руски деривати.

Загриженоста за понудата ги стави во втор план стравувањата дека американската централна банка ќе го запре економскиот раст и побарувачката на нафта со повторно зголемување на каматните стапки за три четвртини од процентниот поен.