Барел нафта под 100 долари

71

Цената на барел нафта утрово на лондонскиот пазар изнесува 97 долари, што е слична вредност како вчера. Американската нафта WTI се тргува по цена од 91 долар за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус, единствената криптовалута што покажува раст е Биткоин. Вредноста на Биткоинот е 24.774 долари, што е зголемување за околу 1 отсто во однос на вчера. Другите криптовалути се во минус.