Цената на нафтата од утрово расте. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар од утринава изнесува 107 долари, за разлика од вчера кога цената на нафтата беше 104 долари. на американскиот пазар се тргува по цена од 97 долари за барел.
Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на Биткоинот е 23.191 долар, што е зголемување во однос на вчера. Други криптовалути се исто така во зелено.