
Поради тензиите на Блискиот Исток, цените на нафтата пораснаа трет ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент утрово се зголеми за 1,06 проценти, на 97,05 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,24 проценти, на 94,90 долари.
Доларот зајакна
На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се зголеми.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,28 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,19 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 159,70 на 159,85 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1625 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1635 долари.











