Бартоничек го презема управувањето на групата PPF

60

Групацијата PPF го назначи Ладислав Бартоничек, еден од нејзините акционери, да управува со сите активности на Групацијата во име на нејзиниот основач Петр Келнер, кој загина во пад на хеликоптер на Алјаска.

“Групата PPF ќе продолжи да ги спроведува инвестициските планови и визии формулирани од Петр Келнер со неговит тим“, соопшти компанијата.

Келнер е основач и најголем инвеститор на PPF Group, што се занимава со повеќе дејности, меѓу кои финансии, телекомуникации, производство, медиуми и биотехологија.

Најбогатиот човек во Чешка, милијардерот Петр Келнер (56) загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска во саботата. Во 2018 година, неговата компанија PPF стана сопственик на телекомуникациските компании на Telenor во регионот на Централна и Источна Европа.

Фото: Pixabay