Зголемената побарувачка за батерии за електрични автомобили ќе предизвика пораст на цените на главните материјали, велат аналитичарите на Goldman Sachs.
Ова за возврат ќе ги зголеми цените на батериите за околу 18%, што ќе влијае на вкупниот профит на производителите на електрични автомобили бидејќи батеријата сочинува околу 20 до 40 % од трошоците за возилата, велат аналитичарите на Goldman.
Иако во извештајот не се дадени специфични цени за суровините, аналитичарите предвидува дека трошоците за литиум за производителите на електрични батерии ќе се зголемат двојно. Цената на кобалтот исто така би се зголемила двојно, додека цената на никелот би пораснала за 60 %.
Цените на трите главни природни ресурси растат од почетокот на 2021 година, се наведува во извештајот на Goldman.
Фото:Freepik