Германската фармацевтска компанија, Bayer ги купува преостанатите 50,2% од акциите во американската биотехнолошка компанија BlueRock Therapeutics за 240 милиони долари во готово, пишува Pharmaceutical Business review.
Вкупната инвестиција на германскиот фармацевтски гигант во BlueRock се проценува на околу една милијарда долари, бидејќи Bayer веќе поседува удел од 40,8% во оваа компанија.
Bayer заедно со компанијата Versant Ventures во 2016-та година ја основаа BlueRock.
На овој начин, Bayer ги зголемува инвестициите во новиот медицински сектор што има голем потенцијал, а се занимава со развој на терапии со матични клетки.
Фото: Pixabay