Bayer ќе ја зголемува продажбата на рускиот пазар за 80%

32

bayerГерманскиот фармацевтски концерн Bayer планира до 2017 година да ја зголеми продажбата во Русија за 80%, на 1,3 милијарди евра. Во исто време, се очекува бројот на вработени од 1.570 во 2012 година да порасне на 2.400 во 2017.

“Посветени сме и на Русија како партнер и сакаме да продолжиме да придонесуваме за развојот на оваа земја, како во бизнисот, така и во општеството”, изјави извршниот директор на Bayer, Маријн Декерс на прес конференција во Москва, пишува Блумберг.

Годишниот раст на продажбата до 2017 година ќе биде 12%. До 2022 година обемот на продажбата на компанијата би можел да надмине две милијарди евра и тогаш Русија би влегла меѓу десетте најголеми пазари на оваа компанија.

Вкупната продажба во Русија минатата година достигна 726 милиони евра, а во првото полугодие од годинава, продажбата е зголемена за 12,5% во споредба со истиот период лани. На крајот на минатата година, во Bayer работеа 110.500 луѓе ширум светот.