Bayer нуди 1,8 милијарди евра за норвешка Algeta

23

bayerГерманскиот фармацевтски гигант Bayer предаде понуда вредна 1,8 милијарди евра за норвешкиот партнер Algeta, специјализиран за радиотераписки третмани за уништување на клетките на рак, јавува Ројтерс.

Финансовиот директор на Algeta, Ојистаин Соуг одбил да коментира за понудата, но за Ројтерс изјавил дека неговата компанија не е под никаков притисок да направи договор.

Водечкиот производ на норвешката компанија, Xofigo, со кој се третира рак на простата, во мај годинава доби дозвола за користење во САД, каде Algeta го дистрибуира во соработка со Bayer. Ако дојде до договор, Bayer ќе добие целосна контрола над лекот Xofigo, што заеднички го развиваа двете компании.

Algeta врши истражувања и на други лекови, вклучувајќи иновативни радиоактивни третмани центрирани директно до туморите.