Базен направен од бродски контејнер

41

bazen

Фото: Facebook

Бродските контејнери се лесно преносливи и имаат сè повеќе креативни идеи за нивна намена. Канадска компанија бродските контејнери ги претвора во базени коишто може да се постават само за неколку минути. Modpool има димензии од 2,43 на 12 метри и чини 35.000 долари и 2,43 на 6,09 метри и се продава за 26.900 долари.

“Кога велиме дека може да се постави за неколку минути, тоа значи дека поставуваме електрична инсталација и цевки, а кога ќе се постави на основата корисникот треба да го поврзе за електричниот приклучок. Штом го наполните со вода, подготвен е за употреба“, вели генералниот менаџер на Modpool, Семи Диаб.

Контејнерот може да се модифицира и според желбите на клиентот. Па така, може да се направи одделен дел како џакузи во базенот или да се направи прозорец од страните на контејнерот, пишува New Atlas.