Базната инфлација во САД, клучен индикатор што Федералните резерви го користат при донесување одлуки за монетарната политика, во мај се зголеми за 3,4%, што е највисоко ниво од 1992-ра година.
Во однос на април, базната инфлација на потрошувачките цени на производите и услугите за лична потрошувачка во мај се зголемени за 0,5%, пренесува CNBC.
Општата инфлација, што ги вклучува и флуктуирачките цени на храната и енергијата, во мај забележа раст од 3,9%.
Кон растот на цените најголем придонес имаат цените на енергијата, што порасна за 27,4%, додека цените на храната се зголемија за само 0,4%.
Фото: Pexels