BBC нè потсетува колку е важна поддршката

22

bbc

Фото: Youtube

Британската телевизиска мрежа BBC, во духот на претпразничната еуфорија, потсетува колку е важна поддршката.

Во краткото божикно видео, BBC испраќа силна порака за тоа колку е големо задоволството од споделување на заеднички моменти и поддршка. Главни ликови се ќерката, која е вљубена во танцот, и таткото, кој е премногу зафатен, но во вистинско време ја пружа неопходната поддршка.