БДП на САД со раст од 6,5% во вториот квартал

35

Американската економија во вториот квартал од оваа година забележа раст од 6,5% на годишно ниво.

Тоа е благо забрзување на растот на бруто домашниот производ (БДП), но стапката е далеку под прогнозите на аналитичарите, кои предвидувале експанзија од 8,4%, пренесува CNBC.

Негативен ефект врз растот на БДП има падот на бруто домашните приватни инвестиции од 3,5%, поради падот на залихите во приватниот сектор и инвестициите во станбен простор. Раст на увозот и пад на стапката на потрошувачката од 5% и покрај зголемениот дефицит, исто така, имаа негативен ефект врз БДП.

Економскиот раст најмногу е генериран од скокот на личната потрошувачка од 11,8%, при што потрошувачката на домаќинствата чини 69% од вкупната економија на САД.

Економијата на САД, во второто тримесечје од 2020 година, кога е воведен карантин поради пандемијата, имала најголем пад од 31,4%, за веќе во наредниот квартал да закрепне по стапка од 33,4%.