БДП на Украина падна за 30,4 отсто

67

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, изјави дека бруто-домашниот производ (БДП) на земјата минатата година паднал за 30,4 отсто поради војната со Русија, што е најголем годишен пад во последните 30 години.

Свириденко во изјавата рече дека украинската економија претрпела најголеми загуби од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, иако падот е помал од очекуваното, пишува Гардијан.

„Успесите на украинските одбранбени сили на првите линии, координираната работа на владата и претпријатијата, нескротливиот дух на населението и брзината на реконструкција на оштетените критични инфраструктурни единици, како и системската финансиска поддршка од меѓународните донатори, ни овозможи да продолжиме со нашата работа и да продолжиме со движењето кон победата“, изјави Свириденко.

Министерството за економија соопшти дека руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина продолжуваат да вршат притисок врз деловната активност.