БДП по жител во Македонија достигна 8.025 евра во 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика бруто-домашниот производ во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10.6 %

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година, во однос на 2022 година, e 2.6 %.

БДП во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10.6 %.

Најголемо учество во додадената вредност со 18.6 % во структурата на БДП во 2023 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Инвестициите во основни средства во 2023 година, во однос на 2022 година номинално пораснаа за 13.6 %, а во стуктурата на БДП учестуваат со 24.7 %.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.8 %, машините и опремата со 32.5 %, а останатите инвестиции со
9.7 %.

Финалната потрошувачка во 2023 година, во однос на 2022 година, номинално порасна за 9.1 %, а во структурата на БДП учествува со 83.4 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година e 67.4 %, се наведува во соопштението на ДЗС.

Главни поенти
Во 2023 во однос на 2022 година бруто-домашниот производ:

Реално е зголемен за 2.6 %
Номинално e зголемен: за 10.6 %
По жител е 8. 025 евра