
Според прелиминарната проценка објавена од Евростат, Заводот за статистика на Европската Унија, во вториот квартал од 2026 година сезонски прилагодениот БДП пораснал за 0,4 проценти во Еврозоната и за 0,5 проценти во ЕУ во споредба со претходниот квартал. Во првиот квартал од оваа година, БДП остана непроменет во Еврозоната, додека во ЕУ забележа раст од 0,1 процент.
Во споредба со истиот квартал од претходната година, сезонски прилагодениот БДП пораснал за 1,0 проценти во еврозоната и за 1,2 проценти во ЕУ во вториот квартал од оваа година, по растот од 0,5 проценти во еврозоната и 0,8 проценти во ЕУ во претходниот квартал.
Во текот на вториот квартал од 2026 година, БДП во Соединетите Американски Држави се зголеми за 0,4 проценти во споредба со претходниот квартал (по раст од 0,5 проценти во првиот квартал). Во споредба со истиот квартал од претходната година, БДП се зголеми за 2,1 процент (по раст од 2,7 проценти во претходниот квартал).
Бројот на вработени лица се зголеми за 0,1 процент и во еврозоната и во ЕУ во вториот квартал од 2026 година, во споредба со претходниот квартал. Во првиот квартал од 2026 година, вработеноста се зголеми за 0,1 процент во Еврозоната, додека во ЕУ остана непроменета.
Во споредба со истиот квартал минатата година, вработеноста се зголеми за 0,5 проценти и во еврозоната и во ЕУ во вториот квартал, по раст од 0,5 проценти во еврозоната и 0,6 проценти во ЕУ во првиот квартал од оваа година.











