Се очекува дека реалниот раст на БДП во Хрватска оваа година би можел да достигне 6,3 отсто, а следната година да има силно забавување, со раст на БДП од 1,4 отсто, изјави гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ. на годишниот брифинг за медиуми, презентирајќи ги макроекономските проекции за 2023 година.
Причините за силното забавување во 2023 година се на страната на побарувачката, која е изложена на негативните ефекти од геополитичката нестабилност и инфлацијата. Поради тоа, во наредната година се очекува благ годишен пад на вкупниот хрватски извоз и забавување на растот на личната потрошувачка и инвестициите, објави ХНБ по брифингот.
Инфлацијата би можела да достигне 10,6 отсто во 2022 година, додека инфлацијата се очекува да се забави до 7,5 отсто во 2023 година, според проекциите на ХНБ.
„Ваквите очекувања се засноваат на континуираното слабеење на тековните инфлациски притисоци, што може да се поврзе со очекуваното дополнително поевтинување на суровата нафта и другите суровини, со исчезнувањето на статистичкиот ефект од овогодинешниот значителен пораст на цените на голем број на стоки и услуги“, се вели во соопштението на ХНБ.











