БДП во минус од 1,9% во првото тримесечје

25

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2021 година е -1,9%.

Во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите: Градежништво од 1,7%, Дејности во врска со недвижен имот од 0,5% и Земјоделство, шумарство и рибарство од 0,3%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 1,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 65,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,2%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2021 година бележат опаѓање во делот на промената на залихите.

Фото: Pexels