БДП во земјите од Г20 порасна за 0,7 отсто во вториот квартал од 2024 година, што е малку помалку од 0,8 отсто во периодот јануари-март, покажаа податоците објавени во четвртокот.
Кина, Индија и Соединетите Американски Држави придонесоа најмногу за економскиот раст на Г20 во вториот квартал, иако Бразил и Саудиска Арабија забележаа највисоки стапки на раст (и по 1,4 отсто), според податоците на Организацијата за економска соработка и Развој (ОЕЦД), пренесува агенцијата Анадолу.
Кинеската економија порасна за 1,5 отсто во кварталот до јуни, во однос на 0,7 отсто во претходниот период.
Растот на БДП на Индија забави од 1,7 отсто во периодот јануари-март на 1,3 отсто во април-јуни.
Јапонската економија забележа значително закрепнување, од пад од 0,6 отсто во првиот квартал до раст од 0,7 отсто во вториот квартал.
САД забележаа поскромно раст на БДП во истиот период, од 0,4 отсто на 0,7 отсто.
БДП во Јужна Кореја и Германија, пак, е намален за 0,2 отсто, односно 0,1 отсто на квартална основа.
Споредено со истиот квартал минатата година, БДП на Г20 порасна за 3,1 отсто во вториот квартал, што е малку помалку од 3,2 отсто во претходниот квартал.
Меѓу економиите на Г-20, Индија забележа највисока годишна стапка на раст од 6,8 отсто во периодот април-јуни, а по неа е Индонезија со пет отсто. Јапонија забележа најголем пад од 0,9 отсто во истиот период.