Беа најбогата земја, а денес живеат во сиромаштија

347

Науру, мала островска земја во западниот дел на Тихиот Океан, зафаќа површина од 21 квадратен километар и има крајбрежје долго 30 километри.

Тие немаат главен град, а според пописот од 2011 година, на островот живееле 10.084 луѓе, главно на западниот и јужниот брег.

Науру беше прогласена за заштитена територија на ОН во 1947 година и беше управувана од Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Доби автономија во 1966 година и целосна независност во 1968 година.

Неконтролираната експлоатација на фосфатите ја направи внатрешноста на островот целосно неплодна. Повеќе од 80 отсто од површината на островот беше практично уништена поради интензивното ископување. Во времето на независноста во 1968 година, Науру беше најбогатата земја во светот по глава на жител поради огромните наоѓалишта на минерали.

Сепак, фосфатот пресуши во 1980-тите и економијата на земјата пропадна. Ископувањето фосфат продолжи во 2005 година кога беше пронајдено секундарно наоѓалиште, но тоа траеше само уште десет години.

Имаше дискусии за преселување на целото население на Науру на друг остров во близина на Квинсленд, Австралија. Експертите предупредија дека Науру ќе стане непогодно за живеење во средината на 1990-тите поради климатските промени и неконтролираното ископување фосфати.

Научниците тврдеа дека животната средина е толку оштетена што инвестирањето во реставрација би било премногу скапо. Меѓутоа, Науруанците се спротивставиле на идејата и решиле да останат на островот.

Порталот „Enjoy Travel“ потсетува дека Науру порано го нарекувале „Пријатен остров“, а сега е една од најмалку посетуваните земји во светот. Го посетуваат само околу 200 туристи годишно.

Островот се наоѓа на 3.000 километри од североисточниот брег на Австралија и е 4,5 часа лет од Бризбејн.