Во ерата на технолошкиот напредок како да им нема крај на уредите кои имаат задача да го олеснат секојдневниот живот. Beat е новиот член во низата технолошки пронајдоци на кои им претстои светла иднина.
Станува збор за мини проектор кој лесно се монтира на фасонката на сијалицата и може да послужи како медиа центар од кој може да се прикажуваат најразлични мултимедијални содржини од паметните мобилни телефони или таблети, па дури и персонални компјутери.
Beam се најде на глобалната платформа за финансирање Kickstarter, каде што е планирано да собере 200.000 долари, но инвеститорите досега вложиле двојно повеќе – 486.060 долари.