BeatMoovz, уред што свири како што играте

23

muzika-alak

На њујоршкиот саем за играчки (New York Toy Fair) компанијата Dmet Products претстави музички уред што свири како што се движи корисникот , пишува Mashable.

BeatMoovz се состои од две гумени алки што имаат акцелерометар, што ги мери движењата и со Bluetooth врска ги пренесува до мобилниот телефон каде преку соодветна апликација движењата се претвораат во музика. BeatMoovz апликацијата содржи 400 различни звуци, што се произведуваат преку танцувачки движења.

Овие алки во продажба ќе бидат пуштени во август годинава по цена од 60 долари.