Beatrix crew – студио за танц од Скопје бара поддршка за патување на Светско првенство

164

beatrix-crew-facebook

Фото: Facebook

Студиото за танц Beatrix crew на платформата Generosity на Indiegogo претстави кампања со којашто бара поддршка за да може да заминат на Светско првенство во танци.

“Нашата упорност и трпение се ставени на тест. Ние сме подготвени повеќе од било кога досега, со силна верба и волја да успееме“, порачуваат од Beatrix, чија цел е преку оваа платформа да соберат 10.000 долари.

Станува збор за група од млади луѓе вљубени во танците, чија заедничка приказна започна пред шест години. Добитници се на голем број национални, интернационални и европски награди.