Beau Nuage, чадор што сам се суши

23

cador

Фото: Indiegogo

Beau Nuage е чадор, дизајниран од двајца млади претприемачи од Франција, што сам се суши. Чадорот е направен од полиестер што им овозможува на капките дожд да се спуштаат по површината на материјалот наместо да се впиваат во него.

“Beau Nuage не е едноставен чадор. Тоа е револуционерен иновативен проект, што ќе го олесни вашиот живот“, велат од компанијата.

Благодарение на трослојната технологија, чадорот ги апсорбира капките дожд и останува секогаш сув. Внатрешниот слој на апсорпција е направен од микрофибер. Вториот е изработен од водоотпорен материјал што го задржува сув надворешниот слој, спречувајќи ги капките дожд да навлезат во материјалот, и третиот надворешен слој е направен од полиестер.

Иновативниот чадор е поставен на платформата за групно финансирање Indiegogo, каде треба да собере 10.000 долари.