Бектеши: Ако дојде до ценовни шокови, ќе ги замрзнеме цените на основните производи

39

Ќе ги замрзнеме цените на основните прехранбени производи, во зависност како ќе се движат работите. Ако има ценовни шокови, веднаш ќе постапиме, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со можната инфлација во земјава.

Според него, доколку дојде до тоа, не станува збор за 50%, како што се објави во претходните денови.

“Директно ќе се вклучиме во замрзнување на цените на млекото, лебот, брашното, шекерот, солта, маслото“, укажа Бектеши.