Бектеши бара помош и од верските заедници за штедење на струјата

45

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Реисот Шаќир Фетаху.

Министерот Бектеши после состанокот кажа дека во овој момент е потребна помош од сите верски заедници се со цел да се поттикнат граѓаните да штедат струја за да се обезбедат вишоци кои ќе им се дадат на компаниите.

„Со поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху разговаравме за енергетската криза со која се справува државата се со цел да ја добиеме поддршката од ИВЗ за штедење на енергија, која е многу важна во делот на покажување на општествена одговорност од страна на сите институции, но и на сите граѓани на Северна Македонија.  Нашата цел е да се подгигне свеста кај сите верници и кај сите граѓани за во овој тежок период кој што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со цел за побрзо пребродување на оваа криза“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека сите институции во државата треба да постапуваат согласно препораките, да заштедат во делот на електричната енергија со тоа ќе заштедат и на сметка на граѓаните и на стопанството кои го полнат државниот буџет.

Поглаварот на ИВЗ по средбата изјави дека ИВЗ и досега штедела енергија бидејќи како што рече дека потрошената енергија се финансира од донации на верниците, но ќе ги повика и граѓаните да штедат струја.

“Ние и досега рационално ја користиме енергијата и мислам дека ќе помагаме за излез од кризата и за малку трошење на пари од буџетите на нашите семејства за струјата со тоа што ќе апелираме тоа да го направат и граѓаните. Ние треба да бидеме свесни дека треба да придонесеме да се надмине кризата. Ќе преземеме мерки за рационализирање на енергијата. Имаме повеќе од 700 џамии и над 200 вработени и на средбите со верниците ќе зборуваме  на средбите со верниците за рационализација на потрошувачката на струја. Ние имаме и верска обврска да внимаваме како ИВЗ бидејќи трошењето е грев во нашата вера“ рече Фетаху и најави дека во активноста ќе бидат вклучени сите вработени во ИВЗ.