Бектеши: До 2017 година имавме само 19 мегавати од фотонапонски централи, сега за само 2 ипол години имаме 80 мегавати приклучени на мрежа

98
DCIM100MEDIADJI_0376.JPG

„До 2017 година во Северна Македонија имаше инсталирана моќност од фотонапонски централи од не повеќе од 19 мегавати, само со  една инвестиција  во рок не поголем од 2 ипол години имаме 17 мегавати дополнителен инсталиран капацитет. Тоа значи дека само со една инвестиција имаме направено колку што е инвестирано 30 години во држава која е држава на сонцето“.

Ова го  кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното официјално пуштање во употреба на фотонапонската централа во светиниколско Амзабегово, инвестиција на Групацијата ГЕНИ.

Министерот кажа дека во моментов во мрежата само од фотонапонски централи се приклучени 65,7 мегавати, а во постапка до крајот на годината треба да се приклучат дополнителни 12 мегавати. Тоа значи дека до крајот на годината ќе имаме скоро 80 мегавати од фотонапонски електрани приклучени на мрежа.

„Од првиот Јавен повик на Министерството за економија каде што државата доби дополнителни средства за изградба на фотоволтаици, наместо да плаќа пресметано во сметките на граѓаните и компаниите од 7% за обновливи извори за фидинг тарифи, сега е спротивно државата доби над 2,5 милиони евра, а компаниите покажуваат интерес да и платат на државата за да изградат ваква инвестиција. Од Јавните повици кои што ги објави Министерството за економија за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште со премиум тарифи ќе имаме инсталирана моќност од соларни централи од 150 мегавати  инсталирана можност, а со  инвестициите кои што се реализираат од страна на ЕСМ во Осломеј во државата ќе имаме инсталирана можност од над 220 мегавати од соларни панели“ кажа Бектеши и потенцираше дека овие информации се важни пред се во време кога се справуваме со светска енергетска криза.

Новата фотонапонска електрана од 17 мегавати која што денека беше пуштена во употреба е најголемата соларна електрана која што досега е изградена на државно земјиште на Јавниот повик на Министерството за економија.

Електраната се состои од 31.772 сончеви панели на површина од 300.000 квадратни метри со 17 мегавати номинална инсталирана моќност и предвидено производство од 25.000 MWh зелена енергија годишно, што би можела да снабдува над 5.500 македонски домаќинства.