Бектеши: Државната поддршка преку ковид мерките за бизнисот и граѓаните дава резултати

36

При креирање на мерките за справување со негативните последици од пандемијата како Влада бевме во директна консултација со бизнис секторот. Поддршката која што досега ја дадовме беше насочена кон најпогодените компании и граѓани, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на панел-дискусијата во рамки на Конференцијата за ефектите од пандемијата на КОВИД – 19 врз македонската економија која ја организираше Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ).

“Во услови кога целиот свет беше во криза успеавме да им помогнеме на компаниите да ја задржат својата ликвидност и да спречиме раст на невработеноста и во исто време да ги поддржиме најпогодените граѓани. Оваа анализа ќе ни помогне во креирање на мерки во иднина се со цел да ја вратиме економијата повторно на здрави нозе. Оваа анализа има одлични препораки и за нас како Влада за креирање на политики се со цел да го намалиме негативниот ефект на пандемијата од аспект на економијата, но секако дека и други одлични податоци во делот на распределба на средствата било тоа во регионален аспект, било тоа во други области“ кажа министерот Бектеши.

Според анализата на Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ) мерките кои беа насочени кон зачувување на работните места дадода ефект.

Предвидувањата на експертите се дека економијата годинава ќе се движи во позитивна насока, но растот на БДП каков што беше пред кризата ќе биде постигнат во 2022-ра со подобри јавни политики и поголемо соодветно трошење, односно спроведување на капиталните инвестиции.

Анализата покажува и дека државната помош е поделена сразмерно, зависно од големината на компаниите, иако тие покажуваат различна добивка зависно од регионот во кој се наоѓаат и тука има значителни разлики. Текстилната индустрија добила најголема поддршка, околу 11 % од вкупно проектираните средства, а ефективната поддршка е најголема кај продажбата на мало и големо.Четвртиот сет мерки има значително влијание врз структурата на помошта кај компаниите, па се претпоставува дека ќе има некакво влијание и врз распределбата на доходот