Бектеши објави фотографии од маркет: Ваков начин на купување на масло покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните

176

Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук објавувјаќи фотографија од маркет на која се гледа како еден од купувачите има наполнета корпа со зејтин.

Нема да дозволиме системот да биде изигран и мерките кои што ги донесовме за заштита на граѓаните од ценовни шокови да бидат злоупотребени. Наша главна цел е граѓаните непречено и редовно да можат да ги задоволат своите потреби и да купат основни прехранбени производи во време на криза, напиша Бектеши.

Инаку, од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.